Утрински Весник
Свет

Џефри Фелтман: САД не успеаја да постигнат опипливи резултати во Сирија

Џефри Фелтман: САД не успеаја да постигнат опипливи резултати во Сирија

Поранешниот официјален претставник на САД и ОН, Џефри Фелтман, изјави дека неговата земја не успеала да постигне опипливи резултати во Сирија поврзани со целите на Вашингтон, пренесува РТ.

Фелтман го припишува неуспехот на САД на администрациите на поранешните претседатели Доналд Трамп и Барак Обама.

Поранешниот заменик-генерален секретар на ОН за политички прашања и американски помошник државен секретар за прашања на Блискиот Исток, повика на нов пристап заснован на сирискиот претседател Башар Ал-Асад со преземање конкретни, специфични и транспарентни чекори што не можат да се поиштат во однос на политички реформи за возврат на олеснувањето на санкциите од Вашингтон.

Фелтман, исто така, признава дека економската опсада наметната од САД врз Либан доаѓа во контекст на притисок врз Сирија, Иран и Русија да седнат на преговарачка маса. Тој ги негираше гласините дека ќе биде новиот американски пратеник за Сирија.

„Искрено кажувам дека никој не ме контактирал за тоа. Мислам дека назначувањето пратеник за Сирија не е приоритет за администрацијата на Бајден. Новиот претседател на САД има и други приоритети како Русија, Иран и поддршка за сојузниците во регионот. Сирија е дел од тоа,“  додаде Фелтман.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мексиканците ќе бидат првите кои сами ќе избираат судии – повеќе од 34.000 кандидати за 881 судија

Пекинг со тврдење дека ниту САД ниту Кина нема да имаат корист од трговска војна

Русија ги брише талибанците од листата на терористи