Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

„Џетменот“ Рефе загина при летање во Дубаи

„Џетменот“ Рефе загина при летање во Дубаи
300x250 opst2

Францускиот падобранец и летач, Винс Рефе, член на славниот тим „Џетмен Дубаи“, познат по своите неверојатни трикови, загина во несреќа на тренинг во Обединетите Арапски Емирати.

36-годишниот Рефе беше познат по своите бестрашни летови со закачени мотори на грбот над Дубаи, но и над француските Алпи. Трагедијата се случила во вторникот кога Рефе тренирал во пустината во близината на Дубаи, но деталите не се откриени.

Рефе стана атракција на интернет со своите бестрашни потези, а во 2014 година постави рекорд со скок од Бурџ Калифа, највисоката зграда на светот (829,8 метри).

> „Џетменот“ Рефе загина при летање во Дубаи <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица