Утрински Весник
Спорт

Џерард и Смит дебитираа со победи, натпревари со шест гола во Барнли и Њукасл

Џерард и Смит дебитираа со победи, натпревари со шест гола во Барнли и Њукасл
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Стивен Џерард, менаџерската кариера во Премиер лигата ја започна со победа. Астон Вила, попладнево, го победи Брајтон со 2:0. Со победа, против Саутемптон, на клупата на Норич дебитираше и поранешниот менаџер на Астон Вила, Дин Смит. Колото го обележа и поразот на Вест Хем кај Вулверхемптон и исклучително ефикасните натпревари во Барнли и Њукасл.

Астон Вила на дебито на Џерард, во финишот на натпреварот, успеа да го скрши Брајтон. Оли Воткинс постигна гол во 83.минута, а пет мунути подоцна триумфот го потврди Тајрон Мингс.

Во Њукасл, Брентфорд три пати имаа предност, но на крајот освоија само еден бод. Тимот од Лондон водеше со головите на Тони, Хенри и Онијека, предноста ја анулираа Ласелс, Жоелинтон и Сен Максиман.

Норич на дебито на Дин Смит го победија Саутемптон со 2:1. Хенли го постигна голот за победа во 79.минута. Претходно, Пуки погоди за Норич, а Адамс за „светците“.

Натпревар со шест гола одиграа Барнил и Кристал Палас. Головите беа постигнати до 49.минута кога играчот на Барнли Корне израмни на 3:3 и го постави конечниот резултат. За Кристал Палас два гола постигна Бентеке.

Вулверхемптон ја прекинаа успешната серија на Вест Хем. Вулфс славеа минимално со голот на Раул Хименез.

> Џерард и Смит дебитираа со победи, натпревари со шест гола во Барнли и Њукасл <

Можете да прочитате

Англија и Франција најскапи репрезентации на СП 2026

ФФМ поведува дисциплинска постапка против поранешниот претседател Муамед Сејдини

Ѓоковиќ: Целта ми е настап на ЛОИ 2028