Џенифер Лоренс исчезна во ликот што го глуми во претстојниот филм „Не гледај горе“ (Don’t Look Up) што се снимаше во Њујорк оваа среда.
Папараците ја уловија Џенифер со нов имиџ откако Њујорк го претрпе она што Националната метеоролошка служба го нарече најголема снежна бура во градот во последните пет години.
30-годишната оскаровка има огнено црвена перика со рамни и густи шишки.
Don’t Look Up е политичка сатира во режија на Адам Мекеј, кој во последно време е познат по филмови како Vice и The Big Short.
Овој филм, исто така, вклучува елементи на филмови со природни катастрофи, бидејќи се работи за астероид кој се движи кон Земјата.
Приказната следи двајца астрономи (Џенифер Лоренс и Леонардо ди Каприо) кои се на медиумска турнеја за да ја предупредат јавноста дека метеор ќе ја уништи планетата во следните шест месеци. Мерил Стрип глуми претседателка на САД.