Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез ја обновила врската со Бен Афлек пред првпат да биде фотографиран во нејзиниот дом

Џенифер Лопез ја обновила врската со Бен Афлек пред првпат да биде фотографиран во нејзиниот дом
Dik 300x250 mk

Тајмингот на епската средба на Бенифер штотуку стана малку покомплициран, пишуваат таблоидите и цитираат анонимни извори кои тврдат дека Бен Афлек минувал време во домот на Џенифер Лопез пред да биде првпат забележан во нејзиниот автомобил кон крајот на април, кога папараци го уловија како пристигнува во куќата на Џенифер во Лос Анџелес.

Тоа значи дека двојката Џенифер (51) и Бен (48) биле заедно најмалку од средината на април, само неколку дена откако таа и Алекс Родригез официјално ја објавија разделбата.

„Пејџ сикс“ цитира извор кој тврди дека Џенифер планирала да ја соопшти веста на Инстаграм, пред да се појават фотографии од Бен во нејзиниот дом.

„Тој остана во нејзината куќа уште во април и таа планираше да објави на Инстаграм дека се повторно заедно. Сè е во врска со тајмингот,“ изјави инсадер за порталот во средата.

Сепак, треба да се напомене дека од моментот кога шоубиз медиумите ја објавија веста дека се повторно заедно, двајцата молчат за нивната обновена романса.

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци