Утрински Весник
Магазин

Џенифер Кулиџ одбила да снима реклама за хот-дог бидејќи е веган

Џенифер Кулиџ одбила да снима реклама за хот-дог бидејќи е веган
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Џенифер Кулиџ откри дека ја одбила понудата на компанија за хот-дог да сними реклама и покрај нејзината позната реплика од Legally Blonde 2 („Русокоса од Харвард“).

Актерката, која ја глумеше козметичарката Полет Бонафонте во филмот, сега е веганка и не можела да ја промовира компанијата за хот-дог затоа што не понудиле алтернатива од растително потекло.

„Ми беше понудено и јас ги одбив. Тоа беше компанија за хот-дог која прави хот-догот со месо, а јас ги јадам овие неверојатни хот-догови од растително потекло. Затоа  им реков: „Ако нудите виршли од растително потекло, дефинитивно ќе ви направам реклама,“ изјави Џенифер во интервју за „Пипл“.

Можете да прочитате

Три чаеви кои ќе им помогнат на вашите бели дробови во времињата кога воздухот е загаден

Детето не треба да биде „малиот терапевт“ за родителот

Салеп – топол напиток – 24info.mk