Утрински Весник
Спорт

Џек Вилшир се сели во данската лига

Џек Вилшир се сели во данската лига

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Џек Вилшир, конечно, пронајде клуб откако минатото лето беше отпуштен од Бурнемаут, потпишувајќи како слободен агент за данскиот АГФ Архус.

30-годишниот поранешен англиски репрезентативец призна дека очајно бара клуб откако минатата сезона имаше 17 настапи за Бурнемаут во Чемпионшип, по што последните месеци тренираше со Арсенал по покана на менаџерот и пораешен соиграч, Микел Артета.

АГФ го објавија трансферот на Вилшир со интересно . на кое тренерот на клубот ги гледа најдобрите моменти на Вилшир на Јутјуб, а тој влегува зад него.

„Откако се вратив на тренинзи со Арсенал, не криев дека барам нов клуб. Сега успеав, и ова е нов голем предизвик за мене. Се наоѓам во момент во мојата кариера во која морам повторно да рестартирам по тежок период, и ја ценам шансата која ми ја дава АГФ. Физички сум во добра форма и сега ми требаат сасмо мечеви“, изјави Вилшир.

> Џек Вилшир се сели во данската лига <

Можете да прочитате

ЛШ: Лил го шокираше Реал Мадрид,Баерн Минхен на колена пред Астон Вила

Евролига слави роденден 25 години (ВИДЕО)

„Чкембари“ бараат оставка од Ангеловски, а РК Вардар го нарекоа аматерски клуб