Утрински Весник
Здрав Живот

Џвакала мастика 7 часа дневно, сега минува низ пекол

Mastika1 66783

Клер Ембелтон (38) од Ливерпул е мајка на четири деца која воедно сметала дека секојдневното џвакање на гуми за џвакање е здрава навика со која допринесува за хигиена во устата.

Но, таа се соочила со сериозен здравствен проблем поради кој ќе мора да ѝ бидат вградени вештачки вилични зглобови.

Имено, како што пишува Дејли мејл, поради пречестите еднолични движења, нејзините вилични зглобови (темпоромандибуларни зглобови) се оштетиле до таа мерка што Клер не можела да ја отвори устата повеќе од еден сантиметар.

– Кога ми рекоа дека џвакањето на гуми за џвакање предизвикало „трошење“ на виличните зглобови кои сега се практично неупотребливи, бев шокирана. Гумите претежно ги џвакав после јадење или пиење затоа што верував дека така придонесувам за хигиената во мојата уста. Притоа, секогаш водев сметка гумите за џвакање да бидат без шеќер, кои не ја оштетуваат забната глеѓ,  објаснува  Ембелтон.

Првиот „симптом“ на оштетување се појавил пред две години кога среде јадење, вилицата и „крцнала“, а една година подоцна, додека ја џвакала гумата за џвакање од својот омилен производител, нејзината вилица одненадеж се вкочанила.

Откако и било констатирано пореметување на темпоромандибуларниот зглоб, била упатена на оперативно лекување.

– Тоа е сериозна операција, затоа што лекарите ме сечат под ушите од двете страни и на вратот. Закрепнувањето е долго и постои опасност од трајни лузни. Сето тоа многу ме плаши, но немам избор, додава таа.

Оваа жена одлучила да проговори за својот проблем за на сите луѓе да им укаже на опасноста од преголемата употреба на гуми за џвакање кои, всушност, не се воопшто здрави. Како што лекарите ѝ објасниле, човечката вилица не смее непрестано да биде во функција измеѓу оброците и дека мускулите кои ја поддржуваат треба да одмараат. Во спротивно, тие ја губат својата функција и доаѓа до здравствени проблеми.

Можете да прочитате

Газирана вода го намалува апетитот

Ljuljeta

Сакате тиква? Ќе ви биде мило да слушнете какви придобивки се поврзани со неа

Ljuljeta

Јадете овој вид на протеини за да живеете подолго

Jana