Утрински Весник
Македонија

Џафери: Со празнувањето на Климент Охридски се оддава почит на писменоста, културата и образованието

Џафери: Со празнувањето на Климент Охридски се оддава почит на писменоста, културата и образованието

Претседателот на Собранитето Талат Џафери во лично име и од име на пратениците во парламетот, до сите православни верници упати честитка по повод празникот Св. Климент Охридски.

Како што нагласува Џафери во честитката, 8 декември е празник во чест на основоположникот на црковниот живот во Македонија и ученик на светите браќа Кирил и Методиј.

„Неговиот лик и дело кој е еден од најзначајните за развојот на духовниот живот на Република Северна Македонија е запаметен и како покровител на образованието и јазикот. Со неговото празнување се оддава почит на пишаниот збор, културата и образованието кои се значајни за секој народ и треба да се негуваат и развиваат затоа што тоа е додадена вредност за самиот народ, меѓутоа и богатство за светот воопшто“, вели претседателот на Собранието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Променливо облачно, температури до 16 степени

Вечерва бензинската пумпа на Макпетрол во Аеродром не точи никакво гориво

ВЛЕН на средба кај Курти во Косово