Утрински Весник
Македонија

Џафери поради семејни причини не закажа за денеска собраниска седница

Јагода Шахпаска избрана за претседател на Верификационата комисија на Собранието

Претседавачот со конститутивната седница, Талат Џафери се предомисли и не го закажа продолжението на седницата и покрај најавите во дел од медиумите. Од Кабинетот на Џафери велат дека претседавачот се предомислил поради објективни семејни причини.

„Претседавачот со конститутивната седница, поради објективни семејни причини, денеска нема да го закаже продолжението на седницата. Кога ќе има дополнителни информации, во однос на терминот, ќе ве информирам“, велат од Кабинетот на Џафери.

Најверојатно, Џафери се предомисли откако вчера неговата ќерка Бесиана доби син, а за тоа, Џафери објави на социјалните мрежи. Под објавата, меѓу бројните честитки е и онаа од лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Џафери вчера кажа дека побарал од собраниските служби да направат подготовки за одржување на конститутивната седница, бидејќи според него, штом Пендаровски му го доделува мандатот на Заев, тогаш, СДСМ и коалицијата „Можеме“ веќе имаат и мнозинство во Собранието.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Хеликоптерот на МВР исфрли повеќе од 30 тони вода во реонот на Дојран

Давкова се обрати на годишниот настан на КСЗД „Разговори за еднаквост” на тема „Право на домување на Ромите”

Активни се 11 пожари, од нив само еден е под контрола, информира ЦУК