Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери организираше средба во знак на одбележување на годишнината од Сребреница

Џафери организираше средба во знак на одбележување на годишнината од Сребреница
300x250 opst2

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денес имаше средба со Ферид Мухиќ, Илија Николовски и Зеќир Рамчиловиќ, во знак на симболично одбележување на годишнината на геноцидот во Сребреница, информираат од неговиот Кабинет.

Од таму потсетуваат дека Собранието во 2010 година донесе Декларација за поддршка на Резолуцијата на Европскиот Парламент за Сребреница од 15 јануари 2009 година и се обврза соодветно да го одбележува 11 Јули – Денот за сеќавање на геноцидот.

„Поради пандемијата и неможноста за физичко приуство во Сребреница оваа година, претседателот Џафери и членовите на собраниската делегација кои минатите години присуствувале на одбележувањето на 11 Јули во Поточари, одлучија со средба да ја одбележат годишнината на геноцидот“, се наведува во соопштението за настанот.

Во него се додава дека во Резолуцијата на Европскиот Парламент усвоена во 2009 година не се споменува зборот „геноцид“, но во нашата Декларација, геницидот се нарекува со вистинското име во знак на сеќавање, со цел да не се повтори веќе никогаш.

Можете да прочитате

Албанска државјанка нападнала полцајка во Прилеп

На изборите има две опции, едната е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата а другата е коалицијата СДСМ – ДУИ – Левица, смета Мицкоски

Мисајловски од состанокот за спроведување на Националната развојна стратегија: Инвестираме во одбраната и армиските капацитети за безбедна држава и сигурни граѓани