Утрински Весник
Македонија

Џафери испрати новогодишни пакетчиња за децата на Детска клиника

Џафери испрати новогодишни пакетчиња за децата на Детска клиника

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати новогодишни пакетчиња со книги за дечињата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје. До Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“, испрати нагледни средства за настава за секое училиште, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми.

Со оглед на здравствените протоколи во насока на почитување на мерките за заштита, особено на најмалите, претседателот Џафери не присуствуваше на доделувањето на пакетчињата. Тој испрати честитки и писма за благодарност за вработените во споменатите институции, во кои се заблагодари за работата и делата кои вработените ги реализираат секојдневно, за нивната посветеност во работата и во вонредни услови, истакнувајќи дека среќата треба да се споделува, зашто на тој начин таа расте и обзема.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

БГНЕС: Божиновска се уште е бугарска државјанка

БГНЕС: Божиновска се уште е бугарска државјанка

Давкова: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина