Утрински Весник
Македонија

Џафери за МИА: Собранието нема да се состане, претседателот ќе прогласи вонредна состојба

Џафери: Немам проблем со поништувањето на лустрацијата

Скопје, 18 март 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери во изјава за  МИА вели дека го очекува предлогот на претседателот на техничката Влада, Оливер Спасовски што ќе го проследи до претседателот на државата кој има надлежности за прогласување вонредна состојба во државата.

Џафери го дели мислењето со одредени експерти дека по самораспуштањето и  распишувањето на избори Парламентот не може да се состане повторно.

Изборите според претседателот на Собранието ќе бидат одложени со уредба од страна на Владата, врз озносва на член 126 од Уставот

Врз основа на Членот 125 од Уставот  став 4 ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

Членот 126 пак од Уставот вели дека при постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае  по завршувањето на воената или вонредната состојба за што одлучува Собранието. ев/ац/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче по Конгресот: Одлична енергија, нова сила и ентузијазам!

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не може да биде новото лице на СДСМ, тој и неговите луѓе се синоним за корупција и криминал

Фани Каранфилова Пановска е нов заменик претседател на СДСМ