Утрински Весник
Македонија

Џафери за Денот на независноста: Сите да придонесеме за економски силна и европска Република Северна Македонија

Џафери: Прегратките и џагорот за Курбан Бајрам да ги замениме со позитивни мисли и одговорност

Претседателот на Собранието, Талат Џафери од свое лично име и од име на пратениците во Собранието, упати честитка по повод 8 Септември, како што вели, најзначајниот ден во растот и развојот на нашата држава – Денот на независноста.

„Преку оваа честитка, со обраќам до Вас граѓаните за искрено и најсрдечно да Ви го честитам роденденот на Републиката“, истакнува тој.

Претседателот на Собранието нагласува и дека искуството од минатото покажало дека ниту еден предизвик не е доволно голем за моќта и нескршливоста на единството.

„Заедно растеме, се справуваме секојдневно со секакви предизвици, ситуации, кризи од секаква природа и тоа го правиме заедно, како семејство затоа што тоа е најдобриот начин, така сме најсилни, и така сме непобедливи. Ниту еден предизвик не е доволно голем за моќта и нескршливоста на единството, па дури ни пандемијата на Ковид-19 која надвиснала над целата Земјина топка и ги става на тест здравствените и економските системи на државите. Ќе го надминеме и ова, заедно, сплотени, со целосно почитување на здравствените и други протоколи“, посочува Џафери.

Тој додава дека републиката, низ годините, доживеала и преживеала низа кризи, дури и конфликт, меѓутоа, секогаш го знаела својот пат и правец.

„Доказ дека е на вистинскиот пат е и овогодишниот огромен успех, полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, моќниот воено-политички сојуз, и тоа е успех за нас, за безбедноста и сигурноста на државата. Продолжуваме понатака, кон следната цел, кон следниот успех, полноправното членство во Европската Унија. За тој сон да стане реалност, мораме да ја задржиме истата динамика, истиот жар и посветеност и секако, верба дека ќе успееме. А ќе успееме ако изградиме силни, функционални институции кои во секој миг, во секој агол од оваа наша прекрасна татковина, ќе работат и придонесуваат подеднакво, искрено и транспарентно“, нагласува Џафери.

„Почитувани, нека ни е среќна и долговечна, нека расте и се развива во напредна, економски силна и европска Република Северна Македонија“, вели на крајот од честитката по повод Денот на независноста, претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вработен во ЕВН заврши во болница – скопјанец го нападнал со тврди предмети додека извршувал работни задачи

Тимови од АХВ спроведуваат вонредни контроли во кујните на девет основни училишта во Карпош

Уште три деца од ОУ „Димо Хаџи Димов“ примени на Клиниката за детски болести