Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери за Денот на албанската азбука: Дарот е голем, аманетот да се чува тој дар е уште поголем

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна
300x250 opst2

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, упати честитка по повод Денот на албанската азбука, во која нагласи дека дарот да се зборува јазикот е голем, меѓутоа аманетот да се чува тој дар е уште поголем.

„Со особена радост сакам да го честитам празникот 22 Ноември, Денот на албанската азбука, кој е востановен по денот кога се одржал Битолскиот конгрес на кој албанските интелектуалци собрани од сите страни, по девет дневна неуморна работа излегоа со најскапоцениот дар за еден народ – унифицирана Азбука, со која ќе се продолжи да се пишува, чита и шири јазикот, културата, обичаите, посебностите и пишаната и испеана фолклорна традиција, која дотогаш се проследуваше со странски букви на странски јазици“, пишува Џафери во честитката.

Тој апелира до сите претставници на политичкиот дијапазон, до институциите, до пишаните и електронски медиуми, до административните, просветните работници, со свој пример да придонесат во растот на нови генерации кои ќе го сакаат, ќе го чуваат, почитуваат и говорат стандардниот албански јазик со сета негова убавина, богатство и посебност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Давкова: Верувам во посветеноста и одговорноста на Хрватска и Словенија кон регионот и очекувам исчекор кон ЕУ

Игнорирани и понижени – медицинските сестри бараат објаснување од Министерството за здравство

Филипче: Цените се надвор од контрола, затоа власта спинува со некакви куфери со пари