Утрински Весник
Македонија

Џафери денеска се очекува да биде повторно избран за претседател на Собранието

Талат Џафери хоспитализиран на Инфективна
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Досегашниот претседател на Собранието, Талат Џафери, се очекува денеска да биде реизбран на оваа функција.

Изборот на Џафери за собраниски спикер го најави вчера лидерот на ДУИ, Али Ахмети по состанкот на Централниот совет на партијата.

Џафери беше предложен повторно да претседава со Собранието, во рамки на договорот помеѓу СДСМ и ДУИ за владината коалиција.

Претседателот на Собранието се избира со најмалку 61 глас од вкупниот број на пратеници, а парламентарното мнозинство го сочинуваат 62 пратеници, од кои 46 пратеници на СДСМ, 15 на ДУИ и еден на ДПА.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Собранието на распуст до 12 јануари – пратениците на празничен одмор!

СДСМ: Кога ќе ја објавите фотографијата од Дубаи, лажговци?

(Видео) Апел за празниците: Брзата помош да се повикува само за сериозни случаи