Утрински Весник
Македонија

Џафери: Да се размисли за организирање избори и во вонредни услови, електронски не можеме да гласаме 

Џафери: Да се размисли за организирање избори и во вонредни услови, електронски не можеме да гласаме 

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Со уредба на Владата да се стави во мирување одржувањето на изборите. Тоа во моментов е единствено правно издржано решение, смета претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според него, државата мора да размисли и за можноста за организирање избори во вакви, вонредни услови, а електронски не можеме да гласаме.

-Со оглед дека е прогласена вонредна состојба, општа е констатацијата дека нема предуслови за одржување избори. Мора да се размисли за можноста за организирање избори во вакви, вонредни услови, за да се обезбеди континуитет на нештата. Тоа е тема за размислување на сите експерти, но експертизата да не се споделува на фејсбук, туку да се организираат електронски форуми, истакна Џафери во вечерашното гостување на Тлевизија 24.

Негов став е дека извршните инстутиции треба, а ја имаат и таквата надлежност, како и целосна поддршка, да направат соодветна проценка на динамиката на работите што ќе се случуваат. мч/сст/

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полиција спасила двајца македонски туристи кои останале блокирани во заливот Филикури кај Химара

ИСЧЕЗНА 25-ГОДИШНА МАКЕДОНКА ВО ГЕРМАНИЈА: Седум дена се трага по неа!

Пукотници со огнено оружје во Количани: Приведени две лица