Утрински Весник
Македонија

Џафери го потпиша Решението за распишување на предвремените избори на 15 јули

Џафери: Измените на Законот за Собрание обезбедуваат финансиска независност и самостојнот на собраниската администрација
Dik 300x250 mk

Скопје, 16 јуни 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието, Талат Џафери соопшти дека синоќа го потпишал Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори.

Консензуалниот датум на власта и опозицијата, како што наведува Џафери, е 15 јули 2020 година.

Според него, овие избори нема да бидат вообичаени зашто нема да има вообичаена изборна кампања, а сите грашани, поради ситуацијата со КОВИД-19 ќе мора да се придржуваат до мерките и препораките за заштита.

-Со оглед на тоа што наметнатите, неприродни услови со КОВИД-19, го одложија спроведувањето на предвремените парламентарни избори претходно закажани за 12 април 2020, известувам дека имаме нова ситуација. Имено, како што ви е веќе познато, политичките лидери во Република Северна Македонија постигнаа договор за закажување нов датум за одржување на предвремените парламентарни избори. Консензуалниот датум на власта и опозицијата е 15 јули 2020. Овие избори ќе бидат невообичаени по тоа што нема да има вообичаена изборна кампања, меѓутоа, тоа што е поважно и на кое ќе мораме сите да се придржуваме на најдисциплиниран начин се мерките и препораките на Министерството за здравство, со цел да се заштити здравјето и животот на граѓаните.

Решението за изменување и дополнување на Решението за распишување на предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година е архивирано и пратено до Државната изборна комисија, до Министерството за надворешни работи и Министерството за правда, со што се запазуваат роковите за деновите утврдени во Уставот. оџ/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина политичкиот аналитичар Агим Јонуз

Почина поранешниот кошаркар на Пелистер, Зоран Петковски

Да се остават во минатото луѓето кои освен освен распродажба на Македонија, не покажаа ништо друго, повика Мицкоски од Росоман