Утрински Весник
Македонија

Џафери: Веста за почеток на преговори не мотивира да се бориме против заедничкото зло

Џафери: Веста за почеток на преговори не мотивира да се бориме против заедничкото зло

 

Скопје, 24 март 2020 (МИА) – Претседателот на Собранието Талат Џафери им ја честиташе на граѓаните одлуката на Советот на ЕУ за почеток на преговори со нашата земја.

– Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, честитки за одлуката на Советот на земјите членки на Европската унија за отворање на пристапните преговори со нашата земја. Во ова тешко време за целото човештво ваквата долгоочекувана и заслужена вест не мотивира да не губиме надеж и да бидеме уште поодлучни. Патувањето продолжува, има време за прослава, сега, седиме дома и се бориме против заедничкото зло. Честитки!, напиша Џафери на Фејсбук. ев/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните