Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Џамбаски бара оставка од Генчовска доколку ветила зелено светло за почеток на преговори на Македонија

Џамбаски бара оставка од Генчовска доколку ветила зелено светло за почеток на преговори  на Македонија
300x250 opst2

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски ja повикува на оставка министерката за надворешни работи на Бугарија Теодора Генчовска доколку како што вели, истата ветила влез на Македонија во ЕУ.

Причина за ова, како што пишува Џамбаски на социјалните мрежи, било соопштението за медиумите на министерката за надворешни работи на Германија, во кое се тврдело дека бугарската министерка Теодора Генчовска многу брзо и без никакви услови ја презела обврската да даде зелено светло за почеток на преговори на РС Македонија за членството во ЕУ.

„Ако ова е вистина ова е неприфатливо и единствениот потег на шефот на бугарската дипломатија е оставка“, напишал Џамбаски.

„Затоа што ако таквата согласност и таков разговор, ако ги води министерката за надворешни работи Генчовска, ќе значи национално предавство. Тоа ќе значи дека се оправдани нашите основани сомневања дека владата е формирана исклучиво со цел национално предавство. Ова ќе значи, дека бугарската Влада ја следи оваа линија на предавство, за што ве предупредуваме неколку пати“, потенцирал Џамбаски.

Во своето обраќање тој ја нагласил „итната потреба од одговор од министерката за надворешни работи на Република Бугарија Теодора Генчовска, Ова е лицемерие. Дали е уште една игра на владејачката партија?“, изјавил Џамбаски во видео објавено на Фејсбук.

Можете да прочитате

„Дејли меил“: Асад преживеал атентат со труење во Москва

Земјотрес со јачина од 5.0 степени ја погоди западна Турција, почуствуван и во Истанбул

Колумбија протера израелски дипломати поради запирањето на флотилата за помош за Газа