Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ќе се реконструира покривот на Спомен-домот на Разловечкото востание

Ќе се реконструира покривот на Спомен-домот на Разловечкото востание
300x250 opst2

Делчево, 13 февруари 2020 (МИА) – Во село Разловци ќе се реконструира покривот на Спомен-домот на Разловечкото востание со 500 илјади денари. Од Центарот за култура во Делчево, кој стопанисува со објектот, информираат дека доизградбата и санацијата на покривната конструкција ќе се реализира преку програмата за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат националните установи од областа на културата за 2020 година.
-Министерството за култура одговори позитивно на нашата апликација за реализација на овие активности и одвои 500 илјади денари за доизградба и санација на кровната конструкција на Спомен-домот „Разловечко востание“. Инвестицијата ќе се реализира во текот на 2020 година, а со реализацијата на оваа активност по толку години, очекуваме овој значаен историски објект кој го чува споменот на првото самостојно оружено востание на македонскиот народ за ослободување од Отоманската Империја, да се спаси од пропаѓање, истакнаа од НУЦК „Никола Јонков Вапцаров”.
Актовностите за доизградба на реконструкција на покривот почнаа пред пет години, но тој останал недовршен. Оттогаш, како што додаваат, ова е прва посериозна инвестиција на Министерството за култура врз објектот кој е во сопственост на државата, а е даден на трајно користење на установата од Делчево.
Спомен-дом „Разловечко востание“ е значајно и уникатно архитектонско дело на архитектот Георги Константиновски кој во 1980 ја освои и првата награда за архитектонско решение на весникот „Борба“ на ниво на СФРЈ. вс/хс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Судски совет го разреши судијата Енвер Беџети

Министерство за спорт или децентрализација на спортот, прашање е сега

Мицкоски од Кочани: Жалам што се случи тоа – „Ѓаволот сакаше да ги испразни улиците на Кочани и го стори тоа“, рече кандидатот за градоначалник