Утрински Весник
Спорт

Ќе се проширува ракометната Суперлига

С. Македонија организатор на женско младинско Светско Првенство во 2024 година

Скопје, 5 мај 2020 (МИА) – Ракометната федерација на Македонија (РФМ) донесе одлука актуелната сезона да не се заврши. Сепак од неа нема да испадне никој, а првопласираните три екипи од двете втори лиги ќе добијат шанса да играат во елитниот ракомет.

Дури 6 екипи кои се натпреваруваа во прекинатата сезона во групите 1 и 2 од Првата лига ќе станат членови на Суперлигата. Во групата 1 тоа се Астарион, Прилеп 2010 и Јуниор К.В., додека од групата 2 ќе добијат промоција Тиквеш, КЛ7 и Младост.

Наредната сезона вторите екипи на Вардар и Металург (Вардар Јуниор и Металург 2) нема да учествуваат.

Тимовите ќе бидат поделени во две групи од по 7, а учесниците во регионалната СЕХА лига – Вардар и Пелистер – ќе бидат ослободени од настап во првиот дел од сезоната.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство