Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Ќе се подобрува енергетската ефикасност во деветолетката ,,Св.Кирил и Методиј” во М.Каменица

Ќе се подобрува енергетската ефикасност во деветолетката ,,Св.Кирил и Методиј” во М.Каменица
300x250 opst2

Македонска Каменица, 3 март 2020 (МИА) – Општина Македонска Каменица ќе ја подобрува енергетската ефикасност во општинското основно училиште ,,Св.Кирил и Методиј”. За таа цел, како што информираат од општината, преку Програмата за енергетска ефикасност и намалување на аерозагадувањето за 2020 година, за оваа намена обезбедени се 1,7 милиони денари.
-Врз основа на објавениот Јавен повик од Владата за реализација на оваа програма според изборот и рангирањето на општините корисници на средства, за општина Македонска Каменица се издвоени 1 милион и 700 илјади денари. Одобрените средства од Комисијата за спроведување на постапката за избор на општините корисници во општина Македонска Каменица се предвидени за набавка на столарија на горниот кат од ООУ „Св. Кирил и Методиј“, информираат од општината.
Со реализација на овој проект, како што додаваат целосно ќе биде завршен процесот на замена на надворешната столарија во училиштето.
Претгодно во ова училиште се инсталираше нови систем за затоплување, а целосно беше реновирана и спортската сала во училиштето. вс/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски: Се здружиле Венко, Али и Димче за власт и поради патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ

Лекарската комора ќе го разгледа случајот со разрешениот директор Кузмановски и потоа ќе постапува

Скопјанец пријавил дека бил нападнат од сопругата со предмети во семејниот дом