Утрински Весник
Македонија

Ќе се градат социјални станови во Пехчево и Сарај

Ќе се градат социјални станови во Пехчево и Сарај

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски најави градење на социјални станови во неколку општини низ Македонија.

„За оваа година договоривме динаминака за иградба на четири нови згради во Пехчево, Дебар, Сарај и Кочани“, рече Бочварски.

Станбените згради наменети за социјално ранливите категории на граѓани ќе ја чинат државата 134 милиони денари.

„Во моментов активно се градат 574 станови во седум општини, Пробиштип 48, Неготино 62, Виница 36, Свети Николе 48, Бутел 312, Демир Капија 16 и Гевгелија 52 станови“, рече Бочварски.

Освен овие општини, во Велес се очекува започнување на зграда со 29 станови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

До крајот на денот времето ќе биде облачно со локален пороен дожд и грмежи

Кучето кое беше влечено со возило од лице од Крива Паланка згрижено во ЈП „Лајка“

4,8 тони кокаин пронајдени во водите на Мартиник – уапсени членови на Балканскиот картел, поврзани со убиството на Србин и Македонец во Боливија