Претседателот на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу го очекува гласање за недоверба со што може да дојде до предвремен крај на неговото контроверзно владеење на каталонскиот гигант.
Бартомеу нема да се кандидира на изборите во Барса во март 2021 година, но сега група на членови на клубот со име „ Mes Que una Mocio“ (Повеќе од движењ) собра 20.687 потписи за предвремено гласање, а им беа потребни 16.520.
Барселона сега во 10 работни дена мора да состави комисија која ќе даде зелено светло и ќе организира гласање кое би требало да почне во средината на октомври. За да се отстрани Бартомеу ќе бидат потребни 66 отсто од гласовите, а потребно е и да излезат барем 10 отсто од членовите на клубот.
Ако се изгласа недоверба, Бартомеу веднаш ќе замине и ќе се формира привремен борд кој ќе ги надгледува изборите за претседател кои би се преместиле во декември. Виктор Фонт, поранешниот претседател Жоан Лапорта, Жорди Фаре и Луис Фернандез се четирите кандидати, и се верува дека четворицата се потпишале на петицијата.
Петицијата започна откако Лионел Меси влезе во директен напад на Бартомеу, велејќи дека клубот нема визија за иднината.
> Ќе се гласа за недоверба на претседателот на Барселона! <