Утрински Весник
Спорт

Ќе им се забрани на играчите да се расправаат со судиите

Сезоната во Италија тешко дека ќе продолжи

Милано, 21 мај 2020 (МИА) – Во Италија беше издадена чудна забрана, предизвикана од пандемијата од коронавирус. Според протоколот во Серија „А“, според кој првенството ќе биде обновено, на играчите им е забрането да се расправаат со судиите за време на натпреварите.

Уште нешто друго станува јасно, а тоа е дека резервните играчи на екипите ќе бидат лоцирани не на клупите, туку на трибините.

Според „Ил Темпо“, протоколот составен од владата и Серија „А“ е долг 36 страници.

Како што се очекуваше, маскотите на екипите, фотографиите пред натпреварите, како и ракувањето се строго забранети.

Споровите со судиите исто така нема да бидат дозволени, бидејќи играчите не можат да им пристапат на службените лица на оддалеченост од помалку од 1,5 метри.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига