Утрински Весник
Спорт

Ќе има смена на АТП листата – Медведев пред Надал

Ќе има смена на АТП листата – Медведев пред Надал

Рафаел Надал, од понеделник, нема да биде на второто место на АТП листата. На листата, пред Надал, ќе биде рускиот тенисер, Данил Медведев.

Медведев, минатата недела, не ја искористи шансата да го престигне Надал. На турнирот од серијата 500, во Ротердам, Медведев беше елиминиран на стартот.

Медведев сега треба само да се појави на турнирот во Марсеј, каде во второто коло ќе игра против победникот од дуелот Ханфман-Герасимов.

Пласманот на Медведев на второто место ќе биде историски. Прв пат по 2005 година, на второто место нема да биде некој од „големата четворка“.

Последен кој бил втор, а да не се презивал Ѓоковиќ, Надал, Федерер или Мареј, бил Австралиецот Хјуит.

> Ќе има смена на АТП листата – Медведев пред Надал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027