Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

„Ќе го гаѓаме Безос со расипани јајца“- Холандските граѓани гневни поради мегајахтата на милијардерот

„Ќе го гаѓаме Безос со расипани јајца“- Холандските граѓани гневни поради  мегајахтата на милијардерот
300x250 opst2

Новата мегајахта на Џеф Безос се гради во Холандија, каде можеби ќе биде неопходно да се демонтира историскиот мост пред тој да заплови. Некои жители на Холандија рекоа дека ќе фрлаат јајца на јахтата кога ќе треба да помине.

Жителите на Ротердам на Фејсбук повикаа да организираат настан наречен „Фрлање јајца на суперјахтата на Џеф Безос“ во знак на протест.

„Ги поканувам сите жители на Ротердам, понесете кутија со расипани јајца со вас и ајде да ги фрлиме на суперјахтата на Џеф кога таа ќе плови“, се вели во описот на настанот.

„Ротердам е изграден од урнатините од жителите, а ние не го демонтираме мостот само поради фаличниот симбол на мегаломанскиот милијардер. Не без борба“, се наведува понатаму во описот, пренесуваат медиумите.

Настанот е закажан за 1 јуни, а илјадници луѓе посочија дека се заинтересирани.

Се проценува дека мегајахтата на Безос чини 500 милиони долари и моментално се гради во Холандија. Кога бродот ќе се заврши, ќе мора да помине низ Ротердам за да стигне до океанот.

Меѓутоа, проблемот е што трите јарболи на мегајахтата се превисоки за да поминат под познатиот Ротердамски мост Конингшафе.

Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, во четвртокот рече дека конечната одлука за демонтирање на мостот сè уште не е донесена, но ако тоа сепак се случи Безос или Океанко, компанијата што ја гради јахтата, можеби ќе треба да ја платат сметката.

Можете да прочитате

Ова овошје е најдобро да се јаде наутро ако сакате да ослабете

Лутеница со моркови и пиперки: Според рецептот на баба за уживање во текот на целата зима

Нова надеж за пациентите со хронични рани, комбинација на лекови со неверојатен ефект