Утрински Весник
Магазин

Ќерката на Еми Росум се родила со антитела на Ковид-19

Ќерката на Еми Росум се родила со антитела на Ковид-19

Актерката Еми Росум случајно дознала дека нејзината двомесечна ќерка има развиен имунитет на коронавирусот.

Ѕвездата на Shameless реши да се вакцинира против вирусот додека беше бремена со Саманта и е задоволна што го сторила тоа затоа што ѝ било укажано дека новороденчето има заштита од Ковид-19.

На својот профил на Инстаграм, Еми постираше фотографија од својата ќерка свртена со грбот кон камерата и напиша: „Кога бев бремена, се вакцинирав. Не само што имавме здраво, убаво девојче, туку и откривме дека ќерката има антитела“.

34-годишната актерка пред два месеца објави на социјалните мрежи дека го родила своето прво дете. Таа тогаш напиша: „5.24.21 Во сончево понеделничко утро, во 8:13, ја дочекавме нашата ќерка.“

Можете да прочитате

Александар Тарабунов со нова песна и спот

Крцкав помфрит од рерна со пченкарен скроб

Хороскопски знаци со силна потреба за контрола