Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Ќерката на Бијонсе се појавува во трејлер за новиот албум

Ќерката на Бијонсе се појавува во трејлер за новиот албум
300x250 opst2

Блу Ајви Картер го украде шоуто додека снимаше кус фрагмент за трејлерот кој мајка ѝ Бијонсе го сподели во средата, во најава на претстојниот визуелен албум Black Is King.

Трејлерот на филмот на „Дизни плус“ содржи краток исечок на кој осумгодишната Блу Ајви е облечена во бел фустан без рамења, со бисери околу вратот, црвен кармин… среде официјална сцена на танцување. Таа наликува на мала принцеза од бајките.

Ќерката на Бијонсе (38) и Џеј Зи (50) ја има фатено косата нагоре во висока пунџа и носи златна и бисерна круна.

Спотот почнува со гласот на Бијонсе, која вели: „Ако живеете без сеќавање многу долго, тоа може да ве натера да се запрашате дали навистина постоите.“

Бијонсе во средата сподели неколку фотографии од Black Is King за своите 150 милиони следачи на Инстаграм и напиша: Наскоро.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Сè што треба да знаете за новите правила за влез во ЕУ од 12 октомври

Октомври е месец на туршија: Подгответе ја по рецепт стар илјадници години

Денес се празнува Светиот апостол Кодрат