Утрински Весник
Свет

Њујорк тајмс: Убиен вториот човек на Ал Каеда

Њујорк тајмс: Убиен вториот човек на Ал Каеда

Вториот човек од Ал Каеда, обвинет за помагање во планирање бомбашки напади врз две американски амбасади во Африка во 1998 година, бил убиен од страна на израелски оперативци во име на САД, објави денеска Њујорк тајмс, повикувајќи се на информации од разузнавачи.

Абдула Ахмед Абдула, кој беше познат како Абу Мухамед ал-Масри, бил застрелан од двајца мажи на мотори на улици во Техеран на 7 август, објави Тајмс.

Убиството на Масри, кој претендираше за наследник на сегашниот лидер на Ал Каеда, Ајман ал Завахири, досега се чуваше во тајност, тврди весникот.

Улогата на САД во убиството на милитант роден во Египет останува нејасна.

Американските власти со години ги следат Масри и другите оперативци на Ал Каеда.

Ал Каеда не ја објави неговата смрт, иранските власти ја прикрија додека никој досега не презеде одговорност. Иран ја демантираше веста денеска со наводи дека нема терористи на Ал Каеда на територијата на државата.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта

Пожар во фабрика за воена опрема во Русија

Aвион на DHL се урна врз двокатна куќа во Литванија