Утрински Весник
Спорт

Њукасл го потврди Еди Хоув како нов менаџер

Њукасл го потврди Еди Хоув како нов менаџер

Њукасл јунајтед, во последно време еден од најбогатите клубови на светот, го постави поранешниот тренер на Бурнемаут Еди Хоув како замена за Стив Брус на менаџерската позиција.

Хоув, кој има договор до 2024 година, паузираше од тренерската работа откако си даде отказ од Бурнемаут по испаѓањето од Премиерлигата во август 2020 и го очекува уште потешка задача во Њукасл, кои се на 19. место на табелата, пет поени од безбедната зона по 11 меча. Тој беше на трибините на мечот Брајтон-Њукасл во саботата, меч кој заврши 1:1.

„Ова е прекрасна шанса за мене, но свесни сме дека пред нас има многу работа. Едвај чекам да почнам да работам со фудбалерите и сакам да се заблагодарам на сопствениците на тимот за оваа можност, но и на навивачите за приемот што го добив“, вели Хоув.

Прв избор на Њукасл беше поранешниот тренер на Арсенал, а сега прв човек на Вилјареал, Унаи Емери, но Шпанецот ги одби. Хоув ќе дебитира против Брентфорд на „Сент Џејмс парк“ на 20 ноември.

> Њукасл го потврди Еди Хоув како нов менаџер <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина