Утрински Весник
Спорт

Њукасл го потврдија доаѓањето на Бруно Гимараеш

Њукасл го потврдија доаѓањето на Бруно Гимараеш

Њукасл јунајтед го потврдија своето трето засилување во јануарскиот преоден рок, откако бразилскиот фудбалер од средниот ред Бруно Гимараеш пристигна од Лион за 33 милиони фунти.

24-годишниот Гимараеш потпиша договор до 2026 година со клубот од „Сент Џејмс парк“ и е трето засилување за тимот на Еди Хоув по Киеран Трипиер (од Атлетико Мадрид) и Крис Вуд (од Барнли).

„Бруно е голем талент и беше една од нашите главни цели во овој преоден рок и пресреќни сме што доаѓа во Њукасл. Тој се покажа во француската лига и веќе е репрезентативец на Бразил, така што очекувам да добие одлична поддршка од фановите“, изјави менаџерот Еди Хоув.

Гимараеш помина две сезони во Лион, во кои имаше 71 настап и 3 гола, откако пристигна од Атлетико Параненсе. Тој го освои олимпиското злато со Бразил минатата година.

> Њукасл го потврдија доаѓањето на Бруно Гимараеш <

Можете да прочитате

Еурофарм Пелистер почна добро, но загуби на гостувањето во Загреб

Надал: Никогаш во животот не сум скршил рекет, но да бидам искрен, неколку пати сум сакал

Вардар почнува со Мелсунген дома и завршува со бундеслигашот на гости