Утрински Весник
Македонија

Љупчо Златев нападнат во кафуле во Скопје

Љупчо Златев нападнат во кафуле во Скопје

Љупчо Златев пријавил во полиција дека ноќеска, неколку минути по полноќ, бил физички нападнат во кафуле во Скопје.

Тој на „Фејсбук“ напиша дека во ходникот на локалот непознато лице почнало да го удира по градите, да го плука и да го влече кон излезот.

„Додека ме напаѓаше, лицето ми се дереше “Излези надвор, многу си ни згрешил, излегувај надвор… “. Јас на неговиот напад се спротиставив и не дозволив да ме извлече надвор, по што приклештен пред влезот тој неколку пати со неговата глава ме удри во пределот на челото. Веднаш кога се случи настанот од внатрешноста дојдоа гости кои лицето го истуркаа надвор, а во бунилото чув и дека човекот кој ме нападна носел пиштол. Им се заблагодарувам на овие десетина добри луѓе, кои не ги познавам а ме спасија и ги повикувам да ме контактираат за соодветно да им се заблагодарам.

Во тие моменти јас бев вчудоневиден од тоа што некој кој не го познавам сака да ме тепа и постојано прашував кој е човеков и зошто го прави ова?

Еден од оние кои го истуркаа надвор, ми рече дека се работи за лице од Автокоманда, кое е дел од обезбедувањето на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Истото лице, ми посочи дека надвор пред локалот бил и младиот Мијалков со уште неколку луѓе, а ве потсетувам, додека бев напаѓан бев туркан кон излезот пред кој тој се наоѓал.

Веднаш по настанот, пријавив во полиција, која експресно дојде, направивме записник и се упатив кон болница каде што ми беа констатирани лесни телесни повреди на главата и ми беше препишана терапија“, напиша Златев.

Тој вели дека се чувствува добро и дека не е сериозно повреден.

ЗА ДА МЕ ЗАМОЛЧИТЕ, ЌЕ МОРА ДА МЕ УБИЕТЕ!

Почитувани пријатели и добронамерници,

Дел од медиумите објавија дека…

Posted by Ljupcho Zlatev on Friday, July 24, 2020

Од МВР информираат дека се работи на расчистување на случајот.

„На 24.07.2020 околу 00.40 часот во СВР Скопје, Љ.З.(28) од Кавадарци пријавил дека околу 00.10 часот, во угостителски објект во Скопје, му биле упатувани закани и бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Минчев: Имаме преголема и пребавна јавна администрација, работиме на нејзино кратење

Кичево – Охрид ќе биде завршен до крајот на 2026 година, ветува Николоски

ВО МАКЕДОНИЈА ДОАЃА ГОЛЕМ ВЛАЖЕН И ЛАДЕН ЦИКЛОН: Ќе донесе многу дожд, снег и снежна покривка од над 40 сантиметри!