Војводата и војвотката од Сасекс го објавија својот прв поткаст, во кој тие се навраќаат на 2020 година со низа селебрити личности и активисти.
Пејачот сер Елтон Џон, водителот Џејмс Корден, авторот Мет Хејг, тенисерката Наоми Осака и други се појавуваат во првата епизода на „Арчивел аудио“ (Archewell Audio).
Овој поткаст е првиот плод на договорот на принцот Хари и Меган со „Спотифај“.
„Без оглед на тоа што ќе ви нафрли животот, верувајте ни кога ќе кажеме, љубовта победува“, им порача Меган на слушателите.
Двојката не говореше директно за нивните лични искуства од 2020 година, кои почнаа со најавата дека се повлекуваат од должностите во рамки на кралското семејство, и потоа се преселија во САД.
Наместо тоа, Меган објаснува дека тие одлучиле да повикаат „неколку пријатели и други луѓе на кои им се восхитуваме, и да ги слушнеме нивните размислувања за тоа што научиле од 2020 година“.
Прв е сер Елтон, кој ја опиша 2020 година како најлошата година во неговиот живот, но вели „се надевам кога ќе помине пандемијата сите ќе бидеме подобри луѓе, се надевам на заздравување“.
Американскиот актер Тајлер Пери зборува дека донирал храна за 5.000 загрозени семејства во неговото студио во Атланта, Џорџија, додека готвачот Хозе Андре говореше за дистрибуција на оброци за време на пандемијата.
Принцот Хари и Меган не ги интервјуираа, наместо тоа, побараа од гостите да се снимат за да се избегне, како што рече војводата „незгодниот танц на видеоразговор“.