Утрински Весник
Магазин

Љубовната приказна на кралицата и принцот Филип во слики, на годишнината од објавата на нивната свршувачка

Љубовната приказна на кралицата и принцот Филип во слики, на годишнината од објавата на нивната свршувачка

Британски медиуми гледаат наназад во една од најромантичните кралски љубовни приказни на сите времиња.

Кога станува збор за љубовните приказни, приказната за принцезата Елизабета што се вљуби во војник, принцот Филип од Грција и Данска, е достојна за Дизниев филм. Оваа приказна се враќа во триесеттите години на минатиот век, се протега повеќе од 70 години, и така,  Филип ќе биде запаметен како кралски сопружник со најдолг стаж во британската историја. Но, од каде започна сето тоа?

Првпат ѝ го привлече вниманието летото 1939 година кога принцезата Елизабета имаше само 13 години. Тој беше грчки принц пет години постар од неа, и наскоро требаше да започне кариера во кралската морнарица. Елизабет и нејзината сестра Маргарет беа на патување со своите родители во Britannia Royal Naval Collegе. Тука на сцената влезе еден дрзок кадет, Филип. Убавиот ‘викиншки’ изглед на Филип – светла коса и сини очи – ја привлекоа Елизабета.

Некои од роднините на кралицата отворено зборуваа за љубовта на Елизабета кон Филип во тие рани денови. Меѓу нив беше и Маргарет Родос, братучетка на Елизабет, која во својата автобиографија напиша „Елизабета беше навистина вљубена од самиот почеток“.

Свршувачката се случи осум години подоцна, по војната, во 1947 година, со склучувањето брак во опатијата на Вестминстер во ноември истата година.

Елизабета тогаш не знаеше дека за само пет години, таа ќе се искачи на тронот и ќе положи заклетва како кралица Елизабета Втора.

И доколу необичната животна сторија се премота нанапред, сè до смртта на Филип на 9 април 2021 година, двојката беше во брак вкупно 74 години, со четири деца, осум внуци и 10 правнуци.

Рамо до рамо патуваа низ целиот свет, од Австралија до Америка, Африка и Индија, виорејќи го знамето на Комонвелтот на чело со нејзиното височество.

Двајцата беа целосно посветени на своите должности и служба, и секогаш се имаа еден со друг со малку смеа да го олеснат товарот на јавниот живот.

Кралицата, принцезата Ана, војводата од Единбург и принцот Чарлс, 1951 година

 

Кралицата и војводата од Единбург, 1958 година

Кралицата и војводата Единбург, 1963 година

Војводата од Единбург, кралицата и принцот Едвард, 1964 година

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста