Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Љубовен триаголник Џордан-Мадона-Пипен: Мајкл и се нудел, но таа го сакала Скоти!

Љубовен триаголник Џордан-Мадона-Пипен: Мајкл и се нудел, но таа го сакала Скоти!
Img 7972

Некогашниот помошник тренер на Чикаго Булс, Џони Бах изнесе шокантно тврдење кое фрла сенка на човечката особина на славниот Мајкл Џордан, кој во текот на кариерата немаше големи скандали во приватниот живот.

Бах му беше помошник на Фил Џексон кога „Булси“ доминираа во НБА лигата, а познато е дека Џордан беше главната фигура.

Тврдењата се дека Мајкл бил љубоморен на својот клупски колега Скоти Пипен поради вниманието кое тој го добивал од жените.

„Тоа го убиваше Мајкл. Требаше да видите само какви се девојки го чекаа Пипен каде и да се појавеше. Мадона го купуваше во лимузина со хидромасажна када секогаш кога доаѓавме во Лос Анџелес. Џордан беше љубоморен и сакаше да ја заведе. И велеше дека тој е подобро решение за неа, но Мадона го откачи“ – изјави Бах за „Basketball network”.

За потсетување, поп дивата Мадона своевремено беше во врска со нивниот клупски колега Денис Родман.

> Љубовен триаголник Џордан-Мадона-Пипен: Мајкл и се нудел, но таа го сакала Скоти! <

Можете да прочитате

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето

ФИФА му одговори на Трамп за евентуално одземање на правото на Бостон да биде домаќин на СП 2026