Утрински Весник
Спорт

Љубичиќ: Не се сомневајте во Федерер, тој не лаже!

Љубичиќ: Не се сомневајте во Федерер, тој не лаже!
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер би можело да заигра на Вимблдон идната година. Иако тој неодамна во интервју за „Le Matan” рече дека тоа е под голем знак прашање, сепак неговиот тренер Иван Љубичиќ е поголем оптимист.

Во изјава за „Rete Uno Sport”, негогаш третиот светски тенисер рече дека постои надеж Федерер да заигра на омилениот турнир.

„Ве уверувам, не треба да се сомневата во искреноста на Федерер. Тој не лаже, она што го зборува нема потреба да се чита меѓу редови. Тој кажува така како што е“ вели Љубичиќ.

Хрватскиот стручњак нагласува дека рехабилитацијата на Швајцарецот оди по планот.

„Моментно Роџер е во фаза на рехабилитација. Во јануари ќе започнеме со физичките подготовки, а за тенис малку ќе почекаме. Враќањето на АТП турнирите е толку далеку што не можеме да го одредиме датумот. Постои надеж дека може да го видиме на Вимблдон, но рано е премногу да се зборува за тоа. Мислам дека во месец мај ќе имаме појасна слика за сето тоа“ заклучи Љубичиќ.

> Љубичиќ: Не се сомневајте во Федерер, тој не лаже! <

Можете да прочитате

Специјализирани тестирања на олимписките стипендисти за Лос Анџелес 2028

Фудбалските менаџери заработија рекордни пари во 2025

Беќири: Шкендија на натпреварите покажа стабилност