Слушам декa криејќи се зад други луѓе Христијан Мицкоски деновиве ме прозвал на прес, вели Љубе Бошкоски од Обединети за Македонија, кој го предизвика лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ТВ дебата, за како што вели да се расветлат работите.
„Твоето дејствување се разликува од моето, се сеќаваш на бесрамното и невистинито тврдење дека си бил само про-боно советник на Груевски, во време кога тој со над 90 советници трошеше 1,73 милиони евра народни пари“, вели Бошкоски и додава дека на обвинувањата одговара подоца бидејќи деновиве бил зафатен со состаноци со потенцијални бизнис инвеститори од Загреб и Грац.
„Сето ова го правам на сопствен трошок, бидејќи платата е недоволна за едно патување во странство, но тоа секако не ме спречува да работам за доброто на татковината, без да побарам ниту денар дополнителни трошоци“, истакнува Бошкоски и потсетува дека уште пред речиси една година го повикал лидерот на ВМРО-ДПМНЕ нa ТВ дебата пред целaтa мaкедoнскa јавност.
„Охрабри се Мицкоски – излези нa дебaтa сo Љубе Бошкоски! Можеби ќе останат изненадени членовите на ДПМНЕ зад кои сега се криеш“, порачува лидерот на Обединети за Македонија.