Европската Унија беше премногу внимателна и загрижена за буџетот во врска со вакцинацијата против Ковид-19 и треба да престане да води глупава војна за вакцините со Велика Британија, изјави поранешниот претседател на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, пишува „Гардијан“.
Јункер, кој беше заменет со Урсула фон дер Лајен во 2019 година, неповолно го оцени пристапот на ЕУ кон вакцинацијата во споредба со Велика Британија, каде што процесот се одвива побрзо.
Тој исто така рече дека не е љубител на механизмите на комисијата за одобрување на извозот, според кои службените лица се овластени да ги забрануваат пратките, бидејќи тоа може да нанесе голема штета на угледот на Европската Унија, која некогаш беше светски шампион во слободна трговија.
„Мислам дека мора да се повлечеме од војната со вакцини … Не војуваме и не сме непријатели. Ние сме сојузници”, рече поранешниот претседател на ЕК.
Јункер рече дека повеќе би сакал Комисијата да избере дијалог наместо закани и дека Комисијата и земјите членки на ЕУ направија голема грешка во пристапот кон воведување на вакцината.
„Велика Британија има предност од повеќе причини, затоа што одлучи да има итен пристап заснован на одлуки, додека Европската унија, Комисијата и земјите членки повеќе водеа сметка за за буџетот … Бевме премногу внимателни“, заклучи поранешниот претседател на ЕК.