Манчестер јунајтед ќе го заменат Шевролет со Тимвјуер (TeamViewer) на своите дресови од следната сезона, склучувајќи партнерство со германската компанија вреден 235 милиони фунти, убедливо најбогат договор во Премиер лиата.
Шевролет е главен спонзор на Јунајтед веќе шест цели години, и неодамна се согласија за продолжување на договорот за шест месеци (до средината на следната сезона), но немаа намера за осма заедничка година.
Тимвјуер во следните пет години ќе биде на дресовите на Јунајтед во договор кој ќе носи околу 47 милиони фунти годишно, со што се израмнуваат со рекордниот договор на Барселона со јапонската копанија Ракутен од 2016 и го поставува на првото место во Премиер лигата.
Покрај ова, клубот сега ќе може да си побара нов автомобилски спонзор, а исто така бараат спонзор за опремата за тренинзи и за нивниот тренинг-центар, кој досега беше под спонзорство на „АОН“.
Можеби титулата уште е недостижна за „ѓаволите“, меѓутоа бизнисот во овие кризни корона времиња очигледно оди фантастично.
Pushing New Boundaries
Introducing our new shirt partner, starting 2021/22 @TeamViewer https://t.co/1Zx9lK6Uym pic.twitter.com/QpUymuNEnj— Manchester United (@ManUtd) March 19, 2021
> Јунајтед си обезбедија нов спонзор на дресот за 235 милиони фунти! <