Утрински Весник
Спорт

Јунајтед се „ослободија“ од уште еден фудбалер од академијата – збогум за Џеси Лингард

Dik 300x250 mk

Џеси Лингард ќе си замине од Манчестер јунајтед ова лето, потврди клубот во средата, неколку часа откако уште еден фудбалер произлезен од академијата на клубот, Пол Погба го напушти „Олд Трафорд“.

Исто како со Погба, договорот на англискиот репрезентативец заврши на 30 јуни и нема да биде обновен за новата сезона.

„Произлезен од нашата академија и вистински ‘црвен’, Џеси беше со Јунајтед над 20 години, приклучувајќи се на нашиот У-9 тим во 2001 година“, потсетија од Јунајтед.

Лингард дебитираше за сениорскиот тим на Јунајтед во август 2014 на 21 години, а најдобра сезона му беше 2015/16, кога имаше над 40 настапи во сите натпреварувања. Меѓутоа, потоа неговата улога беа епизодна, пред да биде пратен на половина сезона позајмица во Вест хем, пред да се врати оваа сезона во тимот. 29-годишниот Лингард имаше само 22 натпревари за клубот.

> Јунајтед се „ослободија“ од уште еден фудбалер од академијата – збогум за Џеси Лингард <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето