Утрински Весник
Спорт

Јунајтед пукнаа петарда во мрежата на Борнмут, Лестер славеа над Кристал Палас (Видео0

Јунајтед пукнаа петарда во мрежата на Борнмут, Лестер славеа над Кристал Палас (Видео0
Dik 300x250 mk

 

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Лестер забележаа убедливи победи над своите опоненти Борнмут односно Кристап Палас во рамките на 33 коло во Премиерлигата.

Манчестер Јунајтед во ефикасен натпревар со неколку прекрасни голови славеа над Борнмут со 5:2. Серијата на голови ја отвори Станислас кој му продаде „тунел“ на Мегваер, а потоа го совлада Де Хеа. До крајот на полувремето Јунајтед постигнаа три гола. Мајсторски беа головите на Гринвуд и Марсијал, додека Рашфорд погоди од пенал.

На стартот од вториот дел Бортнумт од пенал намалија на 3:2 преку Кинг. На овој гол Јунајтед одговорија со два убави гола, најпрвин Грнвуд, а потоа и Бруно Фернандеш.

Лестер ја прекинаа лошата серија на резултати со победата од 3:0 над Кристал Палас. Головите „лисиците“ ги постигнаа во второто полувреме. Ихеначо во 49 минута го постигна голот за водство, а победата ја потврди Варди со головите во 77 и 94 минута.

> Јунајтед пукнаа петарда во мрежата на Борнмут, Лестер славеа над Кристал Палас (Видео0 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Осимен блесна со два гола за Галатасарај, Атлетик Билбао со пресврт до први бодови во Лигата на шампионите

ЕХФ воведува ново натпреварување на ниво на репрезентации

Кошаркарите на Пелистер ја извојуваа својата прва европска победа