Утрински Весник
Спорт

Јунајтед на Погба му понудиле рекордна плата

Јунајтед на Погба му понудиле рекордна плата

Манчестер јунајтед имаат намера да го задржат Пол Погба на „Олд Трафорд“. За да го задржат му понудиле најголема плата во историјата на Премиер лигата.

Пол Погба, сега се наоѓа во ситуација да преговара со други клубови, бидејќи неговиот договор истекува на крајот од сезоната.

Медиумите пишуваа дека тој ќе ги напушти Јунајтед како слободен играч, меѓутоа во клубот имаат поинакви планови.

Челниците на Јунајтед биле подготвени да му дадат речиси двојно поголема плата на Погба од актуелната. Францускиот репрезентативец заработува 290.000 фунти неделно, со новиот договор платата би му била 500.000 фунти.
Доколку ја прифати понудата, Погба ќе стане играчот со најголема плата во Премиер лигата.

Манчестер јунајтед, во 2016 година, на Јувентус му платија 105.000.000 фунти за Погба.

> Јунајтед на Погба му понудиле рекордна плата <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина