Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јунајтед на навивачите им овозможи бесплатна замена на дресовите на Гринвуд

Јунајтед на навивачите им овозможи бесплатна замена на дресовите на Гринвуд
300x250 opst2

Фудбалскиот клуб Манчестер јунајтед, бесплатно ќе им овозможи на навивачите да ги заменат дресовите со името на Мејсон Гринвуд, за дрес на некои друг играч. Големиот талент на англискиот фудбал, во неделата, заврши во притвор откако неговата 18-годишна девојка го обвини за силување, сексуален напад и закана за убиство.

Клубот во понеделникот, од он-лајн продавницата ја отстрани опремата на која стои името на фудбалерот, додека навивачи во клупската продавница на „Олд Трафорд“, започнале да ги враќаат дресовите.

Гринвуд, вчера, беше пуштен со кауција. Додека трае истрагата тој ќе биде на слобода. Никој во Англија не верува дека овој случај ќе има позитивен исход за Гринвуд, бидејќи неговата девојка Хериет Робсон, на социјалните мрежи објави вознемирувачки видеа, фотографии и аудио-снимки од физичкиот напад.

Веднаш по апсењето Манчестер јунајтед објави дека фудбалерот е суспендиран и дека нема да учествува во клупските активности додека трае истрагата.

Покрај тоа компанијата „Најки“ го суспендираше спонзорскиот договор со Гринвуд.

> Јунајтед на навивачите им овозможи бесплатна замена на дресовите на Гринвуд <

Можете да прочитате

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац