Утрински Весник
Спорт

Јунајтед на маки – без двата леви бека и без Рашфорд на стартот на сезоната

Јунајтед на маки – без двата леви бека и без Рашфорд на стартот на сезоната
Dik 300x250 mk

Манчестер Јунајтед се соочува со пробелми со повредени играчи пред стартот на новата сезона.

Познато е дека Маркус Рашфорд ќе го прескокне почетокот на новата сезона во Премиерлигата затоа што ќе оди на операција на рамото.

Сега менаџерот Оле Гунар Солскјер има нови проблеми, затоа што повредени му се двата леви бека.

Лук Шо последните неколку мечеви од ЕУРО 2020 ги играл со скршени ребра и некое време ќе е надвор од стројот.

Нов проблем е повредата на Алекс Телес кој заработи повреда во тренинг кампот на „ѓаволите“, па поради тоа не настапи на пријателската со Квинс Парк Ренџерс што Јунајтед ја загубија со 4-2.

Солскјер порача дека без неговите услуги ќе е неколку недели.

Прашање е дали Шо и Телес ќе стигнат да се опорават до 14 август кога Јунајтед на својот стадион ја отвора сезоната против Лидс Јунајтед.

> Јунајтед на маки – без двата леви бека и без Рашфорд на стартот на сезоната <

Можете да прочитате

Дербито Шкендија – Вардар го комплетира 10. коло во ПМФЛ

Таткото на Јамал застана во одбрана на својот син

Кошаркарската федерација со конкретни мерки за зачувување на регуларноста и интегритетот на натпреварите