Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Јунајтед го пропуштија „крајниот рок“ за Санчо, сега се фокусираат на Даглас Коста

Јунајтед го пропуштија „крајниот рок“ за Санчо, сега се фокусираат на Даглас Коста
Img 7972

Манчестер јунајтед се заинтересирани да го добијат крилото на Јувентус, Даглас Коста, откако го пропуштија „крајниот рок“ кој го постави Борусија Дортмунд за трансферот на Џејдон Санчо, тврдат англиските и италијанските медиуми.

Дортмунд му постави на Јунајтед краен рок до денеска да платат 120 милиони евра и да го добијат младиот Англичанец и германскиот клуб замина на тренинг-камп во Швајцарија со Санчо во тимот.

„Ѓаволите“ не сакаа да ја платат оваа сума и не ги убедија Дортмунд да ја намалат цената, и според „Тутоспорт“ веќе имало контакти со Јувентус за трансферот на Бразилецот Даглас Коста, кој не се наигра под Маурицио Сари, стартувајќи само во шест меча во Серија А.

По именувањето на Андреа Пирло како тренер, се очекува да има „чистка“ меѓу фудбалерите на „старата дама“ и Јунајтед се фаворити за потписот на 29-годишниот Коста. Бразилецот дојде во Јувентус од Баерн Минхен во 2017 првично на позајмица, а потоа со постојан договор вреден 35 милиони евра.

> Јунајтед го пропуштија „крајниот рок“ за Санчо, сега се фокусираат на Даглас Коста <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа