Утрински Весник
Спорт

Јунајтед го потврдија доаѓањето на Дони ван де Бек

Јунајтед го потврдија доаѓањето на Дони ван де Бек

Манчестер јунајтед го потврдија своето прво засилување во летниот преоден рок, трансферот на Дони ван де Бек од Ајакс, плаќајќи 35 милиони фунти плус 4 милиони фунти во бонуси за Холанѓанецот, кој потпиша петгодишен договор со опција за уште една сезона.

23-годишниот Ван де Бек помина низ славната академија на Ајакс, дебитирајќи за првиот тим во 2015 година, а лани постигна 10 гола и 11 асистенции во 37 меча за „копјаниците“ пред холандскиот шампионат да биде прекинат.

„Не можам да објаснам каква голема шанса е да се приклучам на тим со толку славна историја. Би сакал да им се заблагодарам на сите во Ајакс, бидејќи израснав таму и секогаш ќе имам посебна врска со клубот. Сега сум подготвен за следниот чекор во кариерата, а нема повисока скала од Манчестер јунајтед“, изјави Ван де Бек.

Менаџерот Оле Гунар Солскјер беше презадоволен од договорениот трансфер.

„Дони ги има сите потребни технички квалитети да биде постојан во нашиот тим и верувам дека има карактер за тоа. Неговата визија на фудбалскиот терен, неговото движење ќе донесе сила во нашиот среден ред“, изјави Солскјер.

> Јунајтед го потврдија доаѓањето на Дони ван де Бек <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

Пан го урна светскиот рекорд па „удри“ по колегите од Австралија и САД

Милан го победи Реал, Луверпул славеше над Арсенал