Утрински Весник
Спорт

Јунајтед, Арсенал, ПСЖ? Алегри прави изненадувачки избор

Евертон се интересира за Алегри

Лондон, 16 април 2020 (МИА) – Поранешниот тренер на Јувентус и Милан, Масимиглиано Алегри може да го преземе Њукасл, јавуваат британските медиуми.

Според таблоидот „Сан“, 53-годишниот Италијанец ќе стане дел од новиот проект на клубот, кој наскоро ќе го купат нови инвеститори.

За Алегри се заинтересирани и екипите на Манчестер Јунајтед, Арсенал, Реал Мадрид, Баерн Минхен и Пари Сен Жермен.

Њукасл е на 13. место во Премиер лигата со 35 бода на 29 одиграни натпревари.

Во моментов, англиското првенство е прекинато поради пандемијата од коронавирус.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026