Јужна Кореја ќе ја продолжи забраната за директни летови од Велика Британија до 7 јануари, бидејќи три лица кои неодамна влегоа во таа земја беа позитивни на новиот вид ковид, кој за првпат беше идентификуван во Велика Британија.
Корејската агенција за контрола и превенција на болести објави дека три лица пристигнале на 22 декември со лет од Лондон и дека тоа се првите три регистрирани случаи на новиот вид коронавирус во Јужна Кореја, објави „Гласот на Америка“.
Јужна Кореја, која го пријави својот прв случај на новиот вид вирус, им забрани влез на сите странци кои немаат дозвола за престој, од понеделник на полноќ до крајот на јануари.
Официјалните лица ветија дека ќе го забрзаат почетокот на кампањата за имунизација по откривањето на новиот многу заразен вид коронавирус во Велика Британија.